Насловот на карикатурата гласи „Рамазан во Газа – почетокот на месецот на постот“ / Photo: AA

Карикатурата што го прикажува гладот на Палестинците во Газа за време на светиот муслимански месец Рамазан, објавена во францускиот дневен весник „Либерасион“ (Libération), предизвика гнев на социјалните мрежи, при што некои остро го критикуваа популарниот дневен весник за исмевањето на „геноцидот“ на израелските сили во опколената енклава, јавува Анадолу.

Карикатурата, нацртана од Корин Реј за дневниот весник, ги исмева гладните луѓе во Газа во екот на израелските напади.

Цртежот прикажува разурнат град во заднина и рака што излегува од урнатините. Човек што тешко дише брка глувци и бубачки по улицата. Жена како седи на улица со прегладнето дете до неа и налутено вика кон мажот што трча, велејќи: „Не пред зајдисонце.“

Насловот на карикатурата гласи „Рамазан во Газа – почетокот на месецот на постот“.

Корисниците на социјалните мрежи оставаа лути коментари под објавата на „Либерасион“ на платформата X, изразувајќи го својот гнев поради цртежот во кој се исмева „геноцидот“.

Многу корисници сметаат дека карикатурата ги исмева жителите на Газа што се лишени од основните потреби и хуманитарна помош и се оставени да гладуваат.

Други прашуваа зошто сличен цртеж не е нацртан за тековната руско-украинска војна.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој се загинати речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш во израелските напади врз Појасот Газа загинати се над 31.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 72.700 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада врз Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 27 лица починале од неисхранетост и дехидрација во Газа поради израелската блокада.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

AA
Популарни