И покрај тешките воени услови, стотици Палестинци во Газа ја извршија првата терави-молитва (терави-намаз) од овој Рамазан, на урнатините на џамија во Рафа.
Верниците во градот Рафа практично молитвата ја извршија на урнатините на џамијата Фарук, која е уништена во еден од многуте израелски напади.
Меѓу верниците имаше и голем број деца кои присуствуваа на молитвата.
Израел, обвинет за геноцид, започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври. Во израелските напади загинаа над 31.045, а ранети се 72.654 Палестинци.
На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Но, нападите продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на помош и понатаму е недоволна за решавање на хуманитарната катастрофа.