Посетата на шведскиот премиер Улф Кристерсон на Анкара „треба да се гледа како историска шанса“ за членството на земјата во НАТО, рече директорот на комуникации Алтун.
„Туркије ќе го процени барањето на Шведска за членството во НАТО, гледајќи дали се преземени конкретни чекори во рамките на меморандумот потпишан во Мадрид“, рече Фахретин Алтун во интервју за шведскиот весник Афтонбладет (Aftonbladet).
„Позитивен е развојот на настаните што новата шведска влада изјави дека ќе се придржува кон потпишаниот меморандум“, напомена Алтун, истакнувајќи дека новата влада усвоила „принципиелен став“, наведувајќи дека ќе ги исполни барањата на оваа рамка за која преговарала претходната влада.
Исто така, Алтун ја нагласи загриженоста на Туркије во врска со барањето на Шведска во НАТО, потсетувајќи дека Анкара побарала од Стокхолм да преиспита некои од своите политики кои се тесно поврзани со националната безбедност.
„Пред сѐ, баравме од Шведска да ги отстрани сите видови ограничувања во секторот на одбрана на Туркије. Како што е познато, Туркије произведува многу високотехнолошки одбранбени производи, особено беспилотни летала, и така игра стабилизирачка улога во светот. Всушност, нашиот одбранбен сектор придонесува кон безбедноста на нашата Алијанса со продажба (на производите) на многумина земји на НАТО. Јасно е дека би било недоследно да се каже дека секторот на одбрана на Туркије, кој придонесува за безбедноста на НАТО, дека ќе биде подложен на ограничувања од државата која сака да се придружи на НАТО“, рече Алтун.
„Второ прашање е нелагодноста од терористичките организации кои убија десетици илјади невини турски државјани. Тие терористички организации продолжуваат со своите активости на финансирање, пропаганда и регрутација во Шведска, рече Алтун, додавајќи: „Внимателни оптимисти сме дека шведската влада ќе презеде конкретни чекори во врска со нашата загриженост поради тероризмот, која ја оправда и се обврза на решавање преку меморандумот потпишан во Мадрид.“
„Со оглед на тоа дека сојузниците на НАТО се обрзаа дека ќе се бранат едни со други со својата сила доколку бидат нападнати, борбата против тероризмот е од суштинско значење на патот кон членството на Шведска во НАТО“, смета Алтун.
Тој нагласи дека квалитетот и нивото на бројните коментари и вести кои ги прочитал за Туркије во шведските медиуми во последните месеци се загрижувачки и додаде дека е природно и здраво во демократските земји важните одлуки да се донесуваат по пат на дијалог и преговори.
Трилатералниот договор кој Туркије, Шведска и Финска го потпишаа во јуни предвидува дека Финска и Шведска нема да даваат поддршка на ЈПГ/ПЈД, сирискиот огранок на ПКК и терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за државен удар во 2016 година во Туркије. Во договор исто така се наведува дека Анкара дава полна поддршка на Финска и Шведска против заканите на нивната национална безбедност.
Проширувањето на Алијансата треба да биде одобрено од сите 30 нејзини земји-членки.