Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со јапонскиот премиер Кишида.        Фото: АА

Јапонскиот премиер Фумио Кишида се заблагодари на Туркије (Турција) за нејзината ефикасна дипломатија во одржувањето на извозот на жито од Украина која e под руски напади.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој престојува во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), на 77. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), се сретна со јапонскиот премиер Кишида.

Според соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи на Јапонија, Кишида, руските напади во Украина ги опишал како „насилни дејствија што ги разнишале темелите на меѓународниот поредок“.

Кишида, исто така, истакна дека ја пофалиле активната улога на Туркије за одржувањето на извозот на жито од Украина и за нејзините дипломатски напори.

За време на средбата двајцата лидери се договорија за забрзување на преговорите меѓу двете земји за итно потпишување на Договорот за економско партнерство.

На крајот на јули, ОН и Туркије се обврзаа да посредуваат меѓу Русија и Украина за безбеден извоз на жито од пристаништата на Црното Море.

AA
Популарни