Џасинда Ардерн се повлекува од функцијата премиерка на Нов Зеланд / Photo: Reuters

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата од 7 февруари.

„Денеска објавувам дека нема да се кандидирам за реизбор и мојот мандат како премиерка ќе заврши најдоцна до 7 февруари“, рече Ардерн на годишниот состанок на Лабуристичката партија на Нов Зеланд.

„Знам што е потребно за оваа работа. И знам дека веќе немам доволно енергија за извршување на функцијата. Ова беа најисполнетите пет и пол години од мојот живот, кои имаа и свои предизвици“, додаде таа.

Ардерн истакна дека си заминува затоа што со таквата привилегирана улога доаѓа и одговорноста, „да знаеш кога си вистинската личност за да водиш, а исто така, и кога не си“.

Општите избори ќе се одржат на 14 октомври.

Според информациите, Лабуристичката партија на Нов Зеланд ќе одреди нов лидер на гласањето кое се очекува да се одржи на 22 јануари.

Четириесет и двегодишната Ардерн беше избрана за премиерка во 2017 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни