Астана: Нагласена важноста за нормализација на сириско-турските односи / Photo: AA

Туркије, Русија и Иран, земјите гаранти на преговорите за Сирија во Астана, ја истакнаа важноста од продолжување на напорите за нормализирање на сириско-турските односи.

По 20. круг преговори во Астана за Сирија, кој се одржа во Астана, главниот град на Казахстан, беше објавена заедничка завршна декларација.

Во заедничката изјава гарантите од Астана, Туркије, Русија и Иран ја потврдија својата посветеност на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија.

Беше изразена сериозна загриженост за хуманитарната ситуација што беше влошена од последиците од разорниот земјотрес што ја погоди Сирија на 6 февруари 2023 година.

На состанокот во Астана се разговараше за напредокот во подготовката на патоказот во консултациите за нормализација на сириско-турските односи. Исто така, беше истакната и конструктивноста на средбата на ниво на заменици-министри за надворешни работи на Туркије, Русија, Иран и Сирија.

На квадрилатералните средби, одржани во координација на министерствата за одбрана, разузнавање и надворешни работи на четирите земји, за нормализација на односите меѓу Сирија и Туркије беше истакната важноста од продолжување на активните напори во оваа област во согласност со постигнатите прописи.

Беше истакнато дека е важно да се унапреди овој процес заснован врз добра волја и добрососедски односи, со цел да се создадат поволни услови за безбедно, доброволно и достоинствено враќање на сириските бегалци, да се поттикнат политичкиот процес и непречениот проток на бегалци од Сирија, како и хуманитарната помош.

Беше повторена одлучноста за продолжување на заедничката работа во борбата против тероризмот во сите негови форми и манифестации и да се бориме (борат) против сепаратистичките програми што ги поткопуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и ја загрозуваат националната безбедност на земјите соседи на Сирија, вклучително и прекуграничните напади.

Беа осудени нападите врз цивилни објекти од страна на терористичките организации и нивните филијали, кои дејствуваат под различни имиња во различни делови на Сирија.

Меѓу другото, беа осудени илегалните обиди за самоуправување и дејствата на земјите што ги поддржуваат терористичките формации во североисточна Сирија (ПКК/ЈПГ). Утврдено е дека трајната безбедност и стабилност во оваа област може да се постигне само врз основа на заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Заедничката декларација ја соопшти и Министерството за надворешни работи на Туркије. На споменатата средба во Астана присуствуваше заменик-министерот за надворешни работи на Туркије, амбасадорот Бирак Акчапар.

„Страните ја истакнаа неопходноста од создавање неопходни услови во Сирија за да се обезбеди безбедно, доброволно и чесно враќање на Сиријците“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

AA
Популарни