Австрија: Грчки државјанин под истрага поради наводно шпиунирање за Русија / Photo: AA

Грчки државјанин на возраст од триесет и девет години е под истрага поради наводно шпионирање за Русија, соопшти Владата на Австрија.

Австрискиот генерален директорат за јавна безбедност соопшти дека осомничениот е син на поранешен руски шпион кој некогаш работел како дипломат во Австрија и Германија.

Властите веќе долго го следат осомничениот, кој поминал воена обука во Русија. Утврдено е дека осомничениот шпион ги зајакнал своите активности пред Русија да ја покрене војната против Украина.

За време на претресот на неговиот стан, австриските безбедносни сили запленија електронски комуникациски уреди, како и уреди за прислушкување и одела за отстранување експлозивни направи.


TRT Balkan / агенции
Популарни