Палестинскиот новинар направи споредба меѓу геноцидот во Сребреница и сега во Газа / Фото: AA

Палестинскиот новинар, фотограф и активист Мотаз Азаиза, кој пристигна во Поточари по повод 29-годишнината од геноцидот над Бошњаците во Сребреница изјави дека му е жал ми е за тоа што се случи во Сребреница.

„Жал ми е, тогаш не бев ни роден, но од медиумите и училиштето дознав што се случи овде', рече тој и истакна дека на секој чекор ја чувствува големата љубов на граѓаните во Босна и Херцеговина кон Палестина.

„Тоа што се случи во Сребреница, денес се случува во Газа“, изјави Азаиза, изразувајќи благодарност до народот на БиХ за поддршката на Палестинците.

„Сакам да му се заблагодарам на народот што заедно ги носи знамињата на Палестина покрај знамињата на Босна и Херцеговина“, рече палестинскиот новинар.

Потоа изрази длабоко жалење за геноцидот врз Бошњаците во јули 1995 година.

На светската јавност ѝ стана познат на почетокот на агресијата врз Газа, кога пред да замине од Палестина секојдневно на социјалните мрежи известуваше за ужасите што израелската армија ги спроведува во Појасот Газа. Околу 18,1 милиони корисници го следат Азаиза на Инстаграм.

AA
Популарни