Во Баку, главниот град на Азербејџан, одржани се голем број активности, меѓу кои и собири и маршеви, по повод 2-годишнината од победата во Карабах.
Учениците во воените средни училишта и воените ветерани од Карабах, исто така, учествуваа на маршевите што се одржаа во различни делови на Баку во рамките на прославата на Денот на победата.
Пред почетокот на маршот, со едноминутно молчење им е оддадена почит на загинатите, а на маршот се приклучија и голем број граѓани придружени од воениот оркестар.
Азербејџанската војска на денешен ден пред две години, од окупација го ослободи градот Шуша, еден вид симбол на Карабах.
Започнат на 27 септември 2020 година, контранападот на азербејџанските сили траеше 44 дена, во текот на кои ослободени од ерменска окупација беа над 300 населени места.
Влегувањето на азербејџанската војска во Шуша доведе до распад на ерменските сили, а на 10 ноември 2020 година Ерменија потпиша декларација со која го призна поразот и вети дека ќе ја повлече својата војска од провинциите Агдам, Калбаџар и Лачин.
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, го прогласи 8 ноември, датумот на ослободувањето на Шуша, за Ден на победата.