Во текот на азербејџанската антитерористичка операција спроведена во Карабах загинаа 192 припадници на безбедносните сили на Азербејџан.
Во соопштението објавено од Министерството за здравство на Азербејџан се наведува дека во операцијата животот го положиле 180 припадници на Министерството за одбрана и 12 припадници на Министерството за внатрешни работи.
Исто така се додава дека во операцијата биле ранети 511 азербејџански војници.
Во соопштението се истакнува дека еден цивил загинал, а еден бил ранет како последица на огнот од ерменската војска за време на операцијата.
Азербејџанската војска на 19 септември започна антитерористичка операција во Карабах за воспоставување на уставниот поредок.
Илегалните ерменски вооружени сили во Карабах го положија оружјето по операцијата што траеше речиси 24 часа.