Баку вчера објави дека ерменските сили пукале врз азербејџанските воени позиции во автономниот регион Нахчиван.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските трупи пукале во правец на селото Јукхари Бузгов, во округот Бабек.
Инцидентот се случил во 19:50 часот по локално време, а азербејџанските единици одговориле соодветно.
Односите меѓу Баку и Ереван се тенизични од 1991 година кога ерменската војска го окупираше Карабах, територија меѓународно призната како дел од Азербејџан, како и уште седум соседни региони.
Поголем дел од териториите Азербејџан ги ослободи во 44-дневната војна во есента 2020 година, која заврши со мировен договор со посредство на Русија и отвори врата за нормализација и означување на нивните граници.
Минатиот септември Азербејџан спроведе антитерористички операции и воспостави целосен суверенитет во Карабах откако се предадоа сепаратистичките сили во регионот.