Бебе почина поради неисхранетост и недостиг на лекови во Појасот Газа / Photo: AA

Седуммесечно бебе почина во Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа како последица на неисхранетост и недостиг на лекови.

Неименувани здравствени службеници изјавија дека се работи за бебето Абу Атаја, кое починало поради недостиг на храна, лекови и адекватни здравствени услови, а сѐ тоа е последица на бруталните напади што Израел ги извршува врз блокираниот Појас Газа од 7 октомври минатата година.

Овие извори изјавија дека бебето починало по почетокот на израелските напади и дека му биле потребни посебна храна и лекови поради болест.

Тие нагласија дека вакви трагични случаи се случуваат како последица на континуираните израелски напади и блокадата на Појасот Газа.

Од 7 октомври во израелските напади загинаа најмалку 36.224 Палестинци, од кои 15.328 деца и 10.171 жена, а беа ранети 81.777 луѓе.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште.

AA
Популарни