Неколку деца во болницата „Камал Адван“ на северот на Појасот Газа починаа поради недостиг на гориво, храна, кислород и други основни медицински материјали, како резултат на ригорозната блокада и извршените напади од страна на Израел на палестинската енклава.
Медицинскиот персонал на болницата во Беит Лахија води драматична борба за спасување на животите на ранетите и болните деца, вклучително и на предвремено родените бебиња.
Палестинската новинска агенција ВАФА јавува дека најмалку три предвремено родени бебиња починале во болницата „Камал Адван“ поради недостиг на гориво и, следствено, струја во таа здравствена установа.
AA