Изјавата не Бајден е заснована врз тврдења на портпаролот на Нетанјаху / Photo: AA

Забелешките на американскиот претседател Џо Бајден, во кои тој тврди дека видел „потврдени слики од терористи како обезглавуваат деца“ се засновани на медиумски извештаи и на тврдења на портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави во средата Вашингтон пост.

Весникот цитираше портпарол на Белата куќа, кој појасни дека Бајден и други американски официјални претставници не виделе или независно потврдиле дека Хамас обезглавувал израелски деца.

Во своите забелешки, обраќајќи им се на еврејските водачи во Белата куќа во средата, Бајден рече: „Важно е Американците да видат што се случува. Ова го правам долго време. Никогаш не мислев дека ќе видам и ќе потврдам слики од терористи како обезглавуваат деца“.

Се тврди дека Касам бригадите на Хамас „отсекле глави на многу израелски бебиња“ на израелската страна за време на нападот во раните утрински часови во саботата што го започнаа од Газа.

Портпарол на израелската армија изјави за Анадолу во вторникот дека израелската армија нема информации кои ги потврдуваат наводите дека „Хамас обезглавувал бебиња“.

„Ја видовме веста, но немаме никакви детали или потврда за тоа“, рече портпаролот.

AA
Популарни