Портпаролката посочи дека Маск е слободен да го каже своето мислење, но наведе и дека „слободата на мислење ги покрива и најголемите глупости“ / Photo: Reuters

Американскиот милијардер Илон Маск се обидува да влијае на парламентарните избори во Германија закажани за 23 февруари, изјави денеска портпаролката на германската влада.

Таа рече дека Маск навистина се обидува да влијае на претстојните избори во Германија со своите најави на платформата Х, како и со отворената поддршка за десничарската Алтернатива за Германија (АфД) викендов.

Портпаролката на германската влада посочи дека Маск е слободен да го каже своето мислење, но наведе дека „слободата на мислење ги покрива и најголемите глупости“.

Маск ја поддржа АфД во напис објавен од германскиот весник „Велт ам Сонтаг“ (Welt am Sonntag) во саботата, што го натера уредникот на делот за коментари да поднесе оставка во знак на протест.

Во коментарите, Маск ја прошири објавата што ја сподели на платформата Х минатата недела кога тврдеше дека „само АфД може да ја спаси Германија“, објави Ројтерс.

Германската домашна разузнавачка агенција ја класифицира АфД на национално ниво како екстремистичка партија од 2021 година.

АфД е втора според анкетите и можеби ќе може да го спречи формирањето на централно-десничарско или левичарско мнозинство, но центристичките партии во Германија ветија дека нема да бараат поддршка од партијата на национално ниво.

TRT Balkan / агенции
Популарни