Билансот на убиени во израелските напади врз Либан надмина 2.570 / Photo: AA

Бројот на убиени во израелските напади врз Либан од 8 октомври минатата година се искачи на 2.574, соопшти либанското Министерство за здравство.

Министерството наведе дека 28 лица се убиени, 139 се ранети во израелските напади во текот на вчерашниот ден низ Либан, а бројот на повредени е над 12.000.

Израел започна опсежна воздушна кампања во Либан од 23 септември против, како што тврди, локации на Хезболах, принудувајќи на раселување над 1,34 милиони луѓе.

Воздушната кампања е ескалација од едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и либанската група од почетокот на неговата офанзива врз Појасот Газа, во која израелските сили убија речиси 42.800 луѓе, повеќето жени и деца, од прекуграничниот упад на палестинската група Хамас минатиот октомври.

И покрај меѓународните предупредувања дека Блискиот Исток е на раб на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, на 1 октомври Израел го прошири конфликтот со започнување копнен упад во Јужен Либан.

AA
Популарни