Британскиот крал Чарлс во посета на Франција / Photo: AA

Кралот Чарлс Трети, придружуван од кралицата Камила, денес пристигна во Франција во тридневна државна посета.

Посетата на Франција, прва по стапувањето на Чарлс на престолот, првично беше планирана за март, но беше одложена поради протестите за пензиските реформи воведени од Владата на претседателот Емануел Макрон.

„Посетата ќе ги одбележи односите помеѓу Обединетото Кралство и Франција, нашите заеднички истории, култура и вредности“, се вели во соопштението од Бакингемската палата.

Придружувана од Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон, посетата на кралската двојка на Париз и Бордо ќе започне со церемонија на сеќавање и положување венци на Триумфалната капија.

„Нѐ посетивте како принц, се враќате како крал. Ваше височество, добредојдовте“, напиша Макрон на платформата X, споделувајќи видеоснимка од претходните посети на Чарлс на Франција како принц.

Чарлс стапи на престолот на 8 септември 2022 година, по смртта на неговата мајка, долгогодишната кралица Елизабета Втора.

На 6 мај, на првата служба за крунисување во земјата по речиси 70 години, тој беше крунисан заедно со кралицата Камила во Вестминстерската опатија во Лондон.

TRT Balkan / агенции
Популарни