Во судирите со војската биле повредени неколку Палестинци / Photo: AA

Еден Палестинец беше убиен доцна ноќта во понеделникот од истрели испукани од израелска војска западно од Рамалах на централниот Западен Брег.

Со тоа бројот на загинати Палестинци од 7. октомври се зголеми на 240 .

„Го примивме телото на маченикот во Медицинскиот комплекс Палестина во градот Беитунија, западно од Рамалах, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Очевидци изјавија за Анадолу дека израелската армија упаднала во градот Беитунија, пукајќи со боева муниција и солзавец врз десетици Палестинци непосредно пред ослободувањето на четвртата група затвореници, како дел од договорот за размена на затвореници со Хамас.

Сведоците посочија дека избувнале жестоки судири, при што биле повредени неколку Палестинци.

Стотици Палестинци се собраа пред контролниот пункт на затворот Офер во близина на градот Беитунија, во очекување на ослободување на затворениците.


AA
Популарни