Арктичката зимска бура што го погоди поголемиот дел од средниот запад и северот на Соединетите Американски Држави (САД) однесе 63 животи, објавија американските медиуми, повикувајќи се на изјави на официјални претставници.
Бајрон Браун, градоначалник на тешко погодениот град Бафало, каде што властите пријавија 27 смртни случаи, за кабелскиот канал „Ем-ес-ен-би-си“ (MSNBC) изјави дека бурата е веројатно полоша од сè што градот има видено во повеќе од 50 години.
Сезоната на Божиќ во 2022 година донесе снежна бура во која околу 60 отсто од населението на САД се соочува со одредени зимски проблеми, како и со екстремно ниски температури.
Веб-страницата за следење летови „Флајт авер“ (FlightAware) објави дека над 2.800 лета се откажани во САД во текот на вчерашниот ден.
Аеродромите се затворени, а Бафало, Денвер, Колорадо, Детроит и Мичиген се само неколку од главните аеродроми каде што летовите се откажани.
Американскиот претседател Џо Бајден одобри прогласување на вонредна состојба во сојузната држава Њујорк по смртоносната снежна бура.