Бројот на загинати во големиот руски воздушен напад врз украинскиот главен град Киев минатата недела се искачи на 32, објавија денеска локалните власти во.
„Истражниците на Министерството за внатрешни работи на Украина открија уште двајца мртви во текот на истрагата“, објави на Телеграм Сергеј Попко, шеф на Воената управа на градот Киев за последиците од ракетниот напад на 29 декември 2023 година.
Истрагата која е во тек покажа дека загинале 32 лица, а 30 се повредени, додаде Попко.
Најмалку 40 луѓе загинаа во големите руски воздушни напади врз регионите на Киев, Дњепропетровск, Одеса, Лавов, Харков и Запорожје.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги опиша нападите како најтешкиот напад на Москва врз неговата земја.