Чавушоглу: Туркије нема изведено никаков напад врз цивили во Ирак     Фото: АА

Туркије не изврши никаков напад врз цивили во северната ирачка покраина Духок, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Според информациите што ги добивме од Турските вооружени сили, ние немаме извршено никаков напад врз цивили“, рече Чавушоглу во интервју во живо за ТРТ „Хабер“ (TRT Haber).

Изјавите на Чавушоглу дојдоа еден ден по нападот во подрачјето на Захо во Духок, во кој загинаа 8 лица.

Во соопштението објавено по вчерашниот напад, турското Министерство за надворешни работи побара од ирачките владини претставници да не даваат изјави за нападот во Духок „под влијание на реториката и пропагандата“ на терористичката организација ПКК.

Во меѓувреме, турските безбедносни извори ги отфрлија и извештаите, кои одат во прилог на терористичката организација ПКК/КЏК, и во кои се тврди дека цивилите ги загубиле животите поради „гранатирање“ од турските сили.

„Рековме дека можеме да соработуваме со ирачките власти по подмолниот напад за кој мислиме дека е извршен од терористичките организации“, рече Чавушоглу.

Додаде дека пропагандата на ПКК во Ирак доаѓа во време кога Туркије е пред започнување нова операција во северна Сирија, нагласувајќи дека ирачките власти не смеат да паднат во замката на терористичките организации.

„Туркије“, рече тој, „ќе ја продолжи својата борба против тероризмот во согласност со меѓународното право, таргетирајќи ги само терористичките организации.“

„Република Туркије никогаш како цел не ги имала цивилите, само терористите на ПКК, и подготвени сме да соработуваме со властите на Ирак против терористичката организација ПКК“, порача шефот на турската дипломатија, Чавушоглу и додаде дека Туркије секогаш го поддржувала територијалниот интегритет на Ирак и Сирија.

AA
Популарни