Четворица Палестинци се повредени во понеделникот од израелските сили на северниот окупиран Западен Брег.
Израелските војници влегоа во градот Наблус, предизвикувајќи судири и вооружени конфронтации со Палестинците, изјавија очевидци за Анадолу.
Палестинската Црвена полумесечина во соопштение рече дека рацијата во Наблус резултирала со прострелни рани за четворицата Палестинци, вклучително и критична повреда на главата и стомакот.
Се наведува дека сите повредени се пренесени на лекување во болница.
Според очевидци, израелските сили опколиле куќа и го уапсиле жителот пред да се повлечат.
Претходно во понеделникот, израелската армија спроведе серија рации низ Западниот Брег, вклучително и во градовите Калкилија, Хеброн, Витлеем, Рамала и Ал-Бирех, таргетирајќи неколку градови и уапси неколку Палестинци, вклучително и жена, која и претходно била затворена.
Тензиите се зголемени низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа во која загинаа речиси 40.100 луѓе од 7 октомври 2023 година, по нападот на Хамас.
Најмалку 632 Палестинци оттогаш се убиени, а речиси 5.400 други се повредени од оган на израелската армија на окупираната територија, според Министерството за здравство.
Во значајно советодавно мислење на 19 јули, Меѓународниот суд на правдата ја прогласи повеќедецениската окупација на палестина од страна на Израел за „нелегална“ и побара евакуација на сите постоечки населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим.