Според палестинската Црвена полумесечина, четвртиот хуманитарен конвој влезе во вторникот во блокираниот Појас Газа преку египетскиот граничен премин Рафах.
„Палестинската Црвена полумесечина доби од египетската Црвена полумесечина четврта серија хуманитарна помош преку преминот Рафах, кој беше составен од осум камиони“, се вели во соопштението на хуманитарната организација.
Во конвојот имало пет камиони кои превезувале вода, два превезувале храна и еден натоварен со лекови.
Со последниот конвој што го преминаа терминалот во Газа во енклавата влегоа вкупно 62 камиони со помош.
Израел започна немилосрдна кампања за бомбардирање против Газа по ненадејниот напад на палестинската група Хамас, ставајќи ги жителите на енклавата под целосна опсада и блокада на храна, гориво и медицински материјали.
Во конфликтот загинаа речиси 7.200 луѓе, меѓу кои најмалку 5.791 Палестинци и 1.400 Израелци.