Црна Гора: Дојави за поставени бомби во училишта, судови, министерства

Црна Гора: Дојави за поставени бомби во училишта, судови, министерства

Поради дојавите за бомби, наставата во училиштата денес ќе биде организирана онлајн.
Црна Гора: Дојави за поставени бомби во училишта, судови, министерства / Photo: AA

Во голем број училишта низ Црна Гора и утринава пристигнаа дојави за поставени бомби.

Освен во училиштата, дојави за поставени бомби пристигнаа и на адреси на голем број судови во Црна Гора, на министерства, медиумски куќи и институции.

Исто и вчера имаше дојави за поставени бомби во Собранието, повеќето училишта и одредени институции.

Поради дојавите за бомби, наставата во училиштата денес ќе биде организирана онлајн.

„Полицијата ги презема сите активности во своја надлежност во однос на дојавите за поставени експлозивни направи во повеќе институции во Црна Гора. За исходот јавноста ќе биде навреме информирана“, соопштено е од полицијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни