Во Ерусалим се одржа протест на кој неколку десетици граѓани побараа прекин на огнот во Газа и ослободување на израелските заложници.
Насобраните граѓани носеа фотографии од израелски заложници, но и од Палестинци кои беа убиени во нападите во Газа.
Демонстрантите носеа и транспаренти со пораки „Стоп за војната“, „Сакаме само мир“ и „Демократијата и окупацијата не одат заедно“.
Најмалку 36.224 Палестинци, меѓу кои 15.328 деца и 10.171 жени, се убиени, а 81.777 се ранети во израелските напади од 7 октомври досега.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, град во јужниот дел на Појасот Газа каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.
Израел вети дека ќе ја уништи палестинската група Хамас по нападите на 7 октомври во кои беа убиени околу 1.200 Израелци и околу 250 други земени како заложници во Газа.