Десет израелски војници се уапсени за злоупотреба на палестински затвореник од Појасот Газа во затворот Сде Теиман во пустината Негев во јужен Израел, јавуваат во понеделникот израелските медиуми.
Израелската јавна телевизија КАН соопшти дека избувнал конфликт откако истражителите на Воената полиција пристигнале во притворот за да ги приведат војниците.
Безбедносен извор изјави дека палестинскиот затвореник бил пренесен во болница со тешки повреди на интимен дел од телото, поради што останал без способност за одење.
Според израелското армиско радио, 10 војници биле приведени на сослушување како дел од истрагата за злоупотребите врз палестинскиот затвореник.
Се појавија неколку извештаи за тешки злоупотреби врз палестинските затвореници во озлогласениот објект од почетокот на тековната израелска офанзива на Појасот Газа.
Во моментов, Врховниот суд на Израел ја разгледува петицијата поднесена од израелските организации за човекови права за затворање на затворот Сде Теиман, каде што палестинските затвореници од Газа се соочуваат со тортура и медицинска запоставување.
Се верува дека израелската армија уапсила илјадници Палестинци, вклучувајќи жени, деца и медицински лица од 7 октомври 2023 година.
Во последните месеци, армијата ослободи десетици палестински затвореници од Газа во влошена здравствена состојба, со со лузни од мачење на нивните тела.
Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.
Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 39.360 Палестинци, главно жени и деца, а над 90.900 се повредени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападната на 6 мај.