Израел од 23 септември спроведува немилосрдни воздушни напади на, како што ги нарекува, цели на Хезболах низ Либан / Photo: AA

Десет пожарникари загинаа во понеделникот во израелски воздушен напад во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Во соопштението на министерството се вели дека пожарникарите ги загубиле животите кога израелски борбен авион бомбардирал општинска зграда во градот Барахит.

Министерството го нарече нападот „воено злосторство што треба да се додаде во израеслкото криминално досие против пожарникарите и работниците за брза помош во јужен Либан“.

Нападот се случи откако Израел издаде нови наредби за евакуација на жителите на уште 25 погранични градови во јужен Либан да ги напуштат своите области, со што бројот на области наредени за евакуација во последните денови се зголеми на 100.

Израел спроведува немилосрдни воздушни напади од 23 септември на, како што ги нарекува, цели на Хезболах низ Либан, при што загинаа повеќе од 1.200, а беа повредени над 3.400 други.

Воздушната кампања беше ескалација на едногодишниот конфликт меѓу Израел и Хезболах од почетокот на бруталната офанзива на Тел Авив врз Појасот Газа, во која загинаа речиси 42.000 жртви, главно жени и деца, по нападот на Хамас во октомври минатата година.

Поради израелските напади врз Либан, според либанските власти, оттогаш се убиени најмалку 2.036 луѓе, над 9.500 се повредени, а 1,2 милиони други се раселени.

И покрај меѓународните предупредувања дека регионот на Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, Тел Авив го прошири конфликтот со започнување на копнена инвазија на 1 октомври во јужен Либан.


AA
Популарни