Павел Дуров, основачот и извршен директор на апликацијата за шифрирани пораки Телеграм, е обвинет во Франција затоа што не презел мерки против криминалното однесување на корисниците по речиси четири дена поминати во притвор, јавува БФМТВ.
Притворот на Дуров, кој започна во саботата и беше продолжен еднаш, заврши во средата, по што беше изведен пред парискиот истражен суд.
Француските органи го обвинија Дуров, но го ослободија со кауција од 5 милиони евра под судски надзор, и нема можност да ја напушти Франција.
Тој е обвинет за „соучесништво“ во ширење слики од злоупотреба на деца, како и „соучесништво“ во шверц на дрога.
Дуров беше уапсен во саботата вечерта кога слегувал од својот приватен авион на аеродромот Бурже во Париз, јавуваат француските медиуми.
По спроведувањето на првичната истрага, француската национална судска полиција издаде налог за негово приведување.
Истрагата се фокусира на недостигот на модерирање на активностите кои се спроведуваат преку Телеграм, за кој органите сметаа дека овозможува непречено спроведување криминални активности преку апликацијата за пораки.