Досега убиени 36.171 Палестинци во израелските напади на Појасот Газа / Photo: AA

Во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври минатата година убиени се 36.171 Палестинец, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава.

Во нападите се повредени најмалку 81.420 лица, се додава во соопштението од Министерството.

„Во израелските напади во последните 24 часа се убиени 75 лица, а 384 се повредени“, соопшти Министерството.

Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив.

Израел започна брутална офанзива против палестинската енклава на 7 октомври 2023 година по прекуграничниот напад на Хамас, во кој беше уништен голем дел од инфраструктурата, а нападите и израелските блокади доведоа до хуманитарна катастрофа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Газа, каде што засолниште најдоа над еден милион раселени Палестинци.

AA
Популарни