Обединетите Арапски Емирати во неделата потпишаа договор за лансирање на летечка такси услуга до 2026 година.
Дубаи на тој начин ќе стане првиот град во светот кој ќе лансира комерцијална електрична такси услуга низ целиот град.
Новинската агенција Емирати на својот профил на платформата X објави дека воздушното такси Џоб Авиејшн С4 е дизајнирано да прими пилот и четворица патници и има нула емисија на издувни гасови.
„Таксито, со максимален опсег на лет од 161 километар и максимална брзина од 320 километри на час, ќе ви биде на услуга во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи, во центарот на градот, Марина во Дубаи и Палм Џумеира.
Времето на патување меѓу меѓународниот аеродром во Дубаи и Палм Џумеира, кое во моментов трае 45 минути со автомобил, ќе се намали на 10 минути со летечко такси“, се вели во соопштението.