Истрагата за инцидентот е во тек.       Фото: Ројтерс

Хоспитализирани се двајца полицајци кои изутринава се избодени со нож во Лондон, главниот град на Велика Британија.

Според вестите во медиумите, двајцата полицајци кои се избодени со нож во близина на плоштадот „Лестер“ во центарот на Лондон, се згрижени во болница.

Метрополитенската полиција соопшти дека околу 6 часот по локално време, кога се случил инцидентот, уапсен е маж под сомнение дека предизвикал тешки телесни повреди кај едно лице и со електрошок нападнал службеник на Итната медицинска помош.

Нема информација за здравствената состојба на двајцата повредени полицајци.

Истрагата за инцидентот е во тек.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, осудувајќи го нападот, го нарече „крајно застрашувачки“.

Повикувајќи ги оние кои имаат информации за настанот да се обратат во полиција, Кан рече дека полицијата ја врши својата должност и ѝ помага на јавноста во овој многу важен момент за Велика Британија.

AA
Популарни