Двајца убиени и најмалку петмина ранети во вооружен напад во Лос Анџелес

Двајца убиени и најмалку петмина ранети во вооружен напад во Лос Анџелес

Нападот се случил вчера во 15.50 часот по локално време, во паркот Пек, каде се одржувал саем на автомобили.
Нападот се случил вчера во паркот Пек, каде се одржувал саем на автомобили.    Фото: Ројтерс

Двајца се убиени, а најмалку петмина ранети во вооружен напад во парк во американскиот град Лос Анџелес.

Нападот се случил вчера околу 15 часот и 50 минути по локално време, во паркот Пек, каде се одржувал саем на автомобили. Полицијата во Лос Анџелес на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека во нападот загинале 2 лица, а повредени се повеќе од 5.

Во соопштението се наведува дека сѐ уште не е приведен ниту еден осомничен.

Кели Муниз, началничката на полицијата пак, во изјава за медиумите соопшти дека добиле дојава дека на бејзбол игралиштето во паркот се убиени повеќе од едно лице, по што заминале на местото на настанот.

Муниз истакнувајќи дека сè уште не е познато колкумина учествувале во нападот во паркот, додаде дека во тек е истрагата во врска со настанот.

AA
Популарни