Нетанјаху, само да знаеш дека и ти ќе си заминеш, рече Ердоган / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека Туркије ќе продолжи да вложува напори со цел да се воспостави примирје и да се стави крај на масакрот над недолжните луѓе во Газа, известува Анадолу.

Ердоган вчера во своето обраќање на еден настан во Истанбул се осврна и на израелските напади на Појасот Газа и испрати порака до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Нетанјаху, само да знаеш дека и ти ќе си заминеш. Ќе те стигне клетвата на жртвите“, рече Ердоган.

Зборувајќи дека Република Туркије, како што ги штити своите граѓани, ги штити и угнетените во регионот и во светот, Ердоган истакна:

„Како што постапивме кон Евреите кога избегаа од инквизицијата пред пет века, исто така, ги отворивме портите и за христијаните што бегаа од секташките војни во Европа.“

Претседателот на Туркије нагласи дека неговата земја ќе продолжи да вложува напори за да се воспостави примирје и да се стави крај на масакрот над недолжните луѓе во Газа.

AA
Популарни