Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден положи заклетва како руски државјанин и доби руски пасош, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
Сноуден, поранешен вработен во американската Агенција за национална безбедност, во 2013 година со тајни документи ги разоткри активностите на американската разузнавачка мисија низ светот, по што доби азил во Русија, каде што оттогаш живее.
„Сопругата на Сноуден, Линдзи Милс, исто така поднесе барање за руско државјанство“, рече Кучерена во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС.
Рускиот претседател Владимир Путин на 26 септември потпиша указ со кој на Сноуден му се доделува руско државјанство.
Сноуден, поранешен вработен во американската Агенција за национална безбедност, во 2013 година со тајни документи ги разоткри активностите на американската разузнавачка мисија низ светот, по што доби азил во Русија, каде што оттогаш живее.
Неговата тогашна девојка Милс му се придружи во Русија во 2014 година. Тие се венчаа во 2017 година и добија син во 2020 година.