Преговорите се опишани како „сериозни и се потенцијален знак на надеж за решавање на кризата / Фото: AA

Египет синоќа соопшти дека преговорите во катарската престолнина Доха за прекин на огнот во Појасот Газа завршиле и биле сериозни, што дава надеж за крај на повеќемесечната војна во енклавата.

Според извори од високо ниво, цитирани од каналот „Каиро њуз“, преговорите завршиле со учество на шефот на египетското разузнавање Абас Камел, катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Ал Тани и делегацијата на Хамас предводена од Халил ал Хаја.

Преговорите се опишани како „сериозни и се потенцијален знак на надеж за решавање на кризата“, додаде изворот, иако не беа наведени детали.

Со месеци Соединетите Американски Држави, Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор меѓу Израел и Хамас за размена на заробениците и прекин на огнот и да се овозможи хуманитарната помош да влезе во Газа.

Но напорите за посредување се блокирани поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги исполни барањата на Хамас за крај на војната.

Израел продолжува со бруталната офанзива врз Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 41.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 95.000 се повредени.

Израелската офанзива предизвика раселување на речиси целото население на Појасот Газа поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвинувања за геноцид за неговите акции во Газа пред Меѓународниот суд на правдата.

AA
Популарни