Египет во средата се закани дека ќе се повлече како посредник во разговорите за прекин на огнот во Газа, откако Си-Ен-Ен објави дека египетското разузнавање ги променило условите на неодамнешниот предлог за примирје и го оневозможиле договорот.
„Обидите да се фрли сомнеж и да се навредат посредничките напори на Египет само ќе доведат до дополнителни компликации на ситуацијата во Газа и целиот регион. Тие би можеле да го принудат Египет целосно да се повлече од посредувањето во конфликтот, рече Дија Рашван, шеф на одделот за социјални медиуми на Државната информативна служба на Египет.
Цитирајќи три лица запознаени со ова прашање, Си-Ен-Ен во вторникот објави дека египетското разузнавање ги сменило условите на предлогот за прекин на огнот на кој Израел се согласи претходно во мај.
Кога Хамас го објави своето прифаќање на договорот на 6 мај, тоа не бил оној договор за кој колегите посредници од САД и Катар мислеле дека му бил доставен на Хамас на разгледување, според Си-Ен-Ен.
Промените направени од египетското разузнавање ги налутија претставниците на САД, Израел и Катар и ги закочија преговорите, соопшти телевизиската мрежа.
Рашван рече дека вмешаноста на Каиро како посредник е резултат на „повторените барања и инсистирање“ на Израел и САД.
Тој додаде дека некои „страни“ неодамна ги обвинија египетските и катарските посредници и ги обвинија дека се пристрасни.