Ердоган: Целта ни е да бидеме глобална сила / Photo: AA

„Векот на Туркије е називот за периодот кога Туркије ќе стане една од водечките држави во светот со сила и искуство кое го стекна во последните години“, рече Ердоган во интервју за државната Турска радио-телевизија (ТРТ).

Тој се осврна и на изборите во Туркије кои ќе бидат одржани оваа година, а на кои тој ќе биде еден од кандидатите.

„Нема пречки за повторна кандидатура на изборите. Тоа е во согласност и со законот и со Уставот на земјата“, рече Ердоган и додаде:

„Нашата држава виде што направивме во изминатите две децении. Благосостојбата на нашите луѓе забрзано ќе се зголемува. Целта ни е да бидеме глобална сила и тоа е она што нашите луѓе сакаат“.

Ердоган нагласи дека претседателскиот систем ја направи Туркије постабилна држава.
„Немаме повеќе нестабилности кои ги донесуваат коалициите. Нашата држава нема да се врати во тие нестабилни денови“, заклучи тој.

Турскиот претседател истакна дека исто така се загрижени поради се поголемата антиисламска реторика и настаните во Европа, а особено во скандинавските земји.
„Очекуваме искрени чекори од Шведска во борбата против исламофобијата. Очекуваме Шведска и Финска во потполност да ги испочитуваат своите обврски“, рече Ердоган.
„И покрај предупредувањето, Шведска ги затвори очите пред палењето на Куранот


Тој ги коментираше и случувањата во врска со војната во Украина.

„Разговорите со лидерите на Украина и Русија продолжуваат и ќе продолжат за траен мир“, рече Ердоган и додаде:

„Не можам да речам дека испраќање тенкови во Украина е решение. Сето тоа е ризично и особено корисно за трговците со оружје.“

На крајот се осврна и на прашањата во врска со тензиите со Грција.

„Не е можно да седиме со скрстени раце кога се во прашање постапките против нашата безбедност. Ние ќе продолжиме да одговараме и правно и на терен. Пристапот на Грција кон Туркије е во спротивност на духот на добрососедските односи и НАТО сојузот“, рече турскиот претседател истакнувајќи дека „Грција е вознемирена поради тоа што Туркије добива глобална важност.“

„Атина ги вооружува островите спротивно на меѓународното право“, додаде Ердоган.

TRT Balkan / агенции
Популарни