Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ги посети повредените во земјотресот хоспитализирани во болница во турскиот главен град Анкарa.
Ердоган ги посети преживеаните кои се донесени на лекување во Анкара од градовите во јужна Туркије погодени од разорните земјотреси.
Турскиот претседател во таа пригода ги посети и 17-годишната Алејна Олмез, која беше спасена од урнатините во Кахраманмараш, 16-годишната Хулјасу Киса и осумгодишната Фејза Нур Јакар од Хатај, седумгодишната Мирач Ерен Донер, десетгодишната Ајча Чепни и деветгодишната Зејнеп Кучуклер.
Ердоган разговараше со децата и доби информации за нивната здравствена состојба.
Во придружба на турскиот претседател беше сопругата Емине Ердоган, гувернерот на Анкара, Васип Шахин и претседателот на АК Партијата во Анкара, Хакан Хан Озџан.