Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара посети пациенти со тешки болести кои беа евакуирани од Газа.
Ердоган ги посети пациентите во градската болница Билкент во Анкара, а го придружуваа министерот за здравство Фахретин Коџа и шефот на клиниката за онкологија Ерџан Јени.
Турскиот претседател накратко разговараше со пациентите, доби информации за нивната здравствена состојба и изрази желба за брзо закрепнување.
На аеродромот „Есенбога“ во Анкара доцна синоќа пристигнаа два авиони со 26 болни од рак и нивните придружници, евакуирани од Газа.
AA