Погрешно е Туркије да чека пред вратата со години поради политички пречки, ЕУ мора да престане да ја прави таа грешка, рече Ердоган / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган изјави дека е време САД да престанат да ги оглувуваат ушите на повиците за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Време е САД да престанат да прават глуво уво на овие повици. Израел не ги гаѓа само Палестинците и Газа, туку и човештвото во целина“, рече Ердоган одговарајќи на прашања на новинарите во претседателскиот авион на враќање од Будимпешта, каде вчера се сретна со бројни унгарски претставници.

Тој потсети дека за време на разговорот со американскиот претседател Џо Бајден рекол дека САД имаат историска одговорност.

„Што друго треба да направи светот за да ги убеди дека Израел мора да биде запрен“, праша Ердоган.

Зборувајќи понатаму за ситуацијата во Палестина, Ердоган се осврна на односите меѓу Хамас и Фатах и ​​рече:

„Не е точно дека Хамас и Фатах не се во контакт. Тие се во контакт и можат дополнително да ги подобрат односите“.

На прашањето за односите меѓу Туркије и Европската унија, Ердоган рече дека ЕУ прави грешка во контекст на Туркије.

„Погрешно е Туркије да чека пред вратата со години поради политички пречки. ЕУ мора да престане да ја прави таа грешка“, рече Ердоган.

Турскиот претседател го најави претстојниот разговор со рускиот лидер Владимир Путин за ревитализација на Црноморската иницијатива за транспорт на жито.

Конечно, осврнувајќи се на членството на Шведска во НАТО, Ердоган рече:

„Тие дадоа гаранции во Вилнус, очекуваме да ги исполнат.

AA
Популарни