Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со својот азербејџански колега Илхам Алиев и му честиташе за победата на претседателските избори, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије.
Претседателот Ердоган се надева дека реизборот на Алиев за претседател ќе биде поволен за Азербејџан. Според излезните анкети, Алиев доби над 93 отсто од гласовите на предвремените претседателски избори одржани во средата.
Неговиот најблизок конкурент, независниот кандидат Захид Оруј, доби само 1,8%. Право на глас имаа околу 6,5 милиони луѓе, вклучително и граѓани со престој во странство.
Последните претседателски избори, кои се одржуваат на секои седум години во Азербејџан, се одржаа на 11 април 2018 година. Указот потпишан од Алиев кон крајот на минатата година го помести гласањето од предвидениот датум во октомври 2025 година.