Анкара нема планови или цели да се меша во внатрешните работи на Сирија / Фото: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека нема причина Туркије да не ги обновува односите со соседна Сирија.

„Не постои причина да не се воспостават (односите со Сирија)“, изјави Ердоган за новинарите по петочната молитва во Истанбул.

Тој нагласи дека Анкара нема планови или цели да се меша во внатрешните работи на Сирија.

„Како што некогаш ги развивавме односите меѓу Туркије и Сирија, повторно ќе дејствуваме заедно на ист начин“, додаде тој.

Турско-сириските односи забележаа пад во 1998 година, кога Туркије ја обвини Сирија дека ја поддржува ПКК, терористичка организација одговорна за смртта на десетици илјади во нејзината повеќедецениска терористичка кампања против Туркије.

Тензиите дополнително ескалираа во 2011 година поради почетокот на Сириската граѓанска војна и последователниот прилив на мигранти кој изнесуваше над 4 милиони.

AA
Популарни