Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.
Ердоган во телефонскиот разговор од својот колега Алиев доби информации за најновата ситуација во операцијата што ја започна Азербејџан во врска со регионот Карабах, се наведува во соопштението од Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Туркије.
Ердоган уште еднаш му ја изрази на Алиев сесрдната поддршка на Туркије за Азербејџан.
За време на разговорот двајцата челници разменија мислења и за регионални прашања кои блиску ги засегаат двете земји.
AA