Ердоган и Раиси се сретнале на маргините на 16-от самит на лидерите на земјите од Организацијата за економска соработка во Ташкент / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган разговараше со својот ирански колега Ебрахим Раиси за хуманитарната криза како резултат на израелските напади врз Појасот Газа, како и за голем број билатерални и регионални теми.

Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Туркије соопшти дека Ердоган и Раиси се сретнале на маргините на 16-от самит на лидерите на земјите од Организацијата за економска соработка во Ташкент, главниот град на Узбекистан.

„За време на средбата се разговараше за хуманитарната криза која настана како резултат на израелските напади врз Газа и чекорите што треба да се преземат за решение, како и билатералните односи меѓу Туркије и Иран и регионалните прашања. Претседателот Ердоган рече дека прекинот на израелските напади ќе му служи на регионалниот и светскиот мир. Тој рече и дека Организацијата за исламска соработка треба да вложи напори за да се постигне праведно решение на претстојниот вонреден самит. Нагласувајќи дека Туркије е подготвена да го реши проблемот со преземање на одговорност како држава гарант, претседателот Ердоган рече дека исламскиот свет треба да заземе заеднички став и да го зголеми притисокот врз Израел“, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации.

AA
Популарни