Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека обемот на трговската размена помеѓу Туркије и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе достигне 25 милијарди долари за пет години, благодарејќи на потпишаниот сеопфатен Договор за економско партнерство.
Обраќајќи се на церемонијата на потпишување преку видеолинк, Ердоган истакна дека економските и трговските односи на двете земји со овој договор ќе влезат во нова фаза.
Нагласувајќи дека педесетгодишните односи на Туркије и Обединетите Арапски Емирати се засновани на силни темели, Ердоган рече дека со овој договор се отстрануваат пречките во трговијата со стоки и услуги, а дека се олеснуваат активностите на инвеститорите.
„На тој начин, на цврсти темели ќе изградиме мост кој се протега од Европа до северна Африка, од Русија до Заливот“, рече Ердоган.
Исто така, тој изгрази благодарност до ОАЕ на поддршката и солидарноста по разорните земјотреси што минатиот месец го погодија југот на Туркије.
„Турската нација никогаш нема да ја заборави подадената рака на помош“, додаде Ердоган.