Туркије денес ја одбележува 951 годишнина од победата кај Малазгирт, а во рамките на програмата по повод одбележувањето во градот Ахлат се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.     Фото: АА

Туркије денес ја одбележува 951 годишнина од победата кај Малазгирт, а во рамките на програмата по повод одбележувањето во градот Ахлат се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ахлат и Малазгирт се името на волјата повторно да ја подигнеме својата цивилизација, тоа е печат на нашиот подем кој им влева доверба на нашите пријатели, а страв на непријателите“, порача Ердоган.

Турскиот претседател во таа пригода најави дека Туркије ќе ги продолжи своите антитерористички операции во согласност со своите безбедносни приоритети.

„Уште еднаш му изјавувам на целиот свет дека нашата борба нема да заврши додека не ги обезбедиме нашите јужни граници со коридор длабок 30 километри“, рече Ердоган на церемонијата по повод 951-годишнината од победата на Малазгирт во источната провинција Битлис.

Тој додаде дека Турција не гледа со аспирации на територијата на ниту една држава, туку нека нејзините операции се насочени исклучиво против терористичките организации.

Битката кај Малазгрирт, градот на истокот на Туркије, се случи во 1071 година, кога турските Селџуци под водство на султанот Алп Арслан го победија византискиот цар Роман IV. Последицата на поразот беше ослабена одбранбена моќ на Византијците, но и доселување на турското население во историската област Анадолија.

Битката кај Малазгирт во историјата се смета за пресуден настан во однос на пропаста на Византија, а Селџуците, водени од победата во таа битка ги продолжија своите победнички походи во Мала Азија.

AA
Популарни