ЕУ повикува на неколку хуманитарни прекини за да се одговори.на „страшната ситуација“ во Газа, изјави денес шефот за надворешна политика на блокот пред состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел, јавува Анадолу.
Потсетувајќи на заедничката изјава објавена од 27 држави на ЕУ во неделата, во која блокот се приклучи на повиците за „итни прекини“ во непријателствата и воспоставување хуманитарни коридори во Газа, Жозеп Борел рече: „Зборувам во множина, не еден туку неколку прекини.“
„Целта е да се воспостават итни прекини и нови хуманитарни коридори за да одговориме на страшната ситуација на луѓето во Газа. тој.
Тој повтори дека блокот ја осудува „употребата на човечки штитови“ од страна на Хамас во болниците и додаде: „Но, исто така, ја изразуваме нашата загриженост за лошата состојба на болниците што исклучително се оштетени од бомбардирањето.“
Шефот за надворешна политика додаде дека на средбата не само што ќе разговараат за ситуацијата во Газа туку и за Украина и за прашањето во врска со Ерменија и Азербејџан.
Израел извршува немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Израел спроведува напади врз болници, училишта, како и други засолништа на ОН.
Во нападите загинаа над 11.000 Палестинци, вклучително и повеќе од 8.000 жени и деца. Бројот на загинати во Израел изнесува 1.200.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, денес го повтори својот повик за прекин на огнот, велејќи дека „светот не може да молчи додека болниците, кои треба да бидат безбедни засолништа, се трансформираат во сцени на смрт, пустош и очај“.