Европската унија им забрани на европските банки надвор од Русија да користат систем за финансиски пораки што е руски еквивалент на СВИФТ / Photo: AA

Европската унија го усвои 14-тиот пакет санкции против Русија поради нејзината војна против Украина, која започна во февруари 2022 година, објави денеска Европскиот совет.

„Советот денеска го усвои 14-тиот пакет економски и индивидуални рестриктивни мерки кои нанесуваат дополнителен удар на режимот на Владимир Путин и на оние кои ја одржуваат неговата незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина“, се вели во соопштението.

Како што се додава санкциите ќе ги погодат руската енергетика, финансиите и трговијата и ќе го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ.

Пакетот вклучува рестриктивни мерки за дополнителни 116 поединци и субјекти одговорни за дејствија кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.

Пакетот ги забранува сите идни инвестиции и извоз во проекти за гас во изградба во Русија.

Европската унија им забрани на европските банки надвор од Русија да користат систем за финансиски пораки што е руски еквивалент на СВИФТ.

TRT Balkan / агенции
Популарни