Фудбалските репрезентации на Данска и Англија ремизираа 1:1 во вториот натпревар од второто коло во групата „Ц“ на Европското првенство што се игра во Германија.
Данците се заканија веќе во 20. секунда, а Пјер-Емил Хојбјерг се обиде од далечина, но тоа лесно го спаси Џордан Пикфорд.
Првата шанса Англичаните ја чекаа до 13. минута кога Фил Фоден шутираше, но топката мина над голот. Пет минути подоцна голема грешка на данската одбрана ја искористи Хари Кејн, кој постигна гол за водство на Англија.
Јонас Винд имаше одлична можност во 32. минута кога шутираше, но неговиот удар во последен момент беше изблокиран.
Сепак, две минути подоцна Виктор Кристијансен ја додаде топката до Мортен Хјулманд кој погоди за израмнување со извонреден гол од околу 30 метри.
До крајот на натпреварот немаше промени, па двата ривали поделија по бод.
Претходно денеска фудбалерите на Србија успеаја да дојдат до бод со гол во последната минута против Словенија во Минхен, играјќи 1:1.
Тоа значи дека Англија и натаму е прва со четири бода, додека Данска има два, колку што има и Словенија, а Србија е последна со еден бод.
Во последното коло Англичаните ќе играат против Словенија, додека Данците против Србија.