Германската Влада одобри повторно да се пуштат во работа електраните на лигнит за добивање на електрична енергија во случај на недостиг во текот на зимските месеци, соопшти федералното Министерство за економски прашања и климатска акција, јавува Анадолу.
Електраните ќе бидат пуштени во употреба доколку е потребно во периодот од октомври до крајот на март 2024 година.
Германската Влада минатата зима повторно ги врати во мрежата резервните електрани на лигнит од 1,9 гигавати, откако испораката на природен гас од Москва беше речиси целосно запрена поради руско-украинската војна.
Бидејќи електраните на лигнит испуштаат многу повеќе јаглерод отколку електраните на природен гас, Владата до следното лето ќе даде предлози како да се балансира зголемениот емитиран јаглероден диоксид што овие централи ќе го произведат оваа зима.